Press "Enter" to skip to content

Бунтот на „малите“ луѓе против крупните обвинителски ѕверки: Ѓешкоска и загинатиот работник

Поминаа три години откако потпорен ѕид се урна врз работник на градилиште во Дебар Маало. Пензионерот Мијалчо Тодоровски загина на работно место, додека се правеа темелите на станбена зграда. Зградата одамна е вселена, становите се продадени, а смртта на работникот падна во заборав на институциите и во медиумите. Тодоровски е само статистика, како уште една жртва која е затрупана под бетонот и под правдата. Загубата не ја заборава единствено неговото…