„Лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката во еден од превозниците во ТИРЗ зоната, денеска попладне сооопшти штипскиот градоначалник“, Благој Бочварски. Објавата на социјалните мрежи на официјалниот профил на градоначалникот доаѓа по бурните реакции во јавноста откако денеска штипската река Брегалница почна да побелува. Штипјани се жалеа дека од реката испарува неподнослива миризба, а фотрафиите покажуваат дека реката е целосно бела. Вечерва на терен во…