Случајот „Рекет“ е медиумски најекспонираниот случај за 2019 година. Според критичарите, тивко, а можеби и организирано, „Рекет“ го помогна потопот на Специјалното јавно обвинителство. Според власта, но и самите обвинители, ова е случајот којшто покажал колку оваа влада е подготвена за борба со корупцијата со оглед на тоа што во “Рекет” се опфатија и функционери од владејачката партија. Едно е сигурно, “Рекет” ги изнесе на виделина врските помеѓу политиката, правосудниот…
Ана Камчева е адвокат. Во јавноста, пак, предизвикува повеќе внимание како жената на контроверзниот мултимилионер Јордан или Орце Камчев. Во времето кога нејзиниот сопруг беше близок со Сашо Мијалков, тие често беа таргет на забавниот печат кој што пренесуваше фотографии од ноќните излегувања на двајцата моќни фунцкионери и бизнисмени со нивните сопруги. Побратимството неодамна се расипа, а Мијалков и Камчев минуваат бајаги време бавејќи се со судиии и обвинители. Првиот,…
Бизнисменот Јордан Камчев денеска сведочеше во случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева, а третиот обвинет Зоран Милески – Кичеец доби казна затвор од три години. Камчев рече дека Јовановски и Јанева се режисерите кои го конструирале случајот „Империја“ во кој тој е осомничен, со цел да му изнудат милиони евра. Освен нив двајца тој додаде дека на обвинителната клупа треба да седне и обвинителката Лиле…
Се смета за еден од најбогатите Македонци, беше дел и од „Форбс“ листата. Тоа е човекот кој како ретко кој друг граѓанин може да изброи 1.5 милиони евра во кеш и да ги предаде на рекетари. Според едни тој е рекетирана жртва, според други, тој е поткупувач. Се пожали дека не му било лесно да ги собере овие пари. Во судницата влезе како сведок, а не како поткупувач. Се претстави…