Press "Enter" to skip to content

Обвинителството отвори предмет за градоначалникот на Сарај Блерим Беџети

Основното јавно обвинителство Скопје води предистражна постапка за работата на градоначалникот на Сарај Блерим Беџети. Предметот е отворен по иницијатива на Антикорупциската комисија за нелегалните платформи во Матка. Антикорупциската комисија барањето за кривично гонење го достави на 5 август, а од скопското обвинителство за ИРЛ одговорија дека предметот е распореден кај обвинител кој постапува по пријавата. „Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител и се постапува во насока на проверка…