Љупчо Палевски – Палчо денеска е уапсен во градот Беликесир во Турција. Тој е првоосомничен за убиствата на 14 – годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Колегите од Турција не известија дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија, идентично со нашите оперативни сознанија на патеката на движењето на осомничениот“, соопшти министерот…
Обвинителството за организиран криминал на чие чело е Вилма Рускоска денеска излезе со детали од досегашната истрага за бегството на Никола Груевски, нагласувајќи дека нема лоцирано кривична одговорност кај службени лица, но има пропусти кај надлежните институции. „До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат…
„По барањето за меѓународна правна помош, Албанија не постапи целосно. Така што снимките од безбедносните камери не се обезбедени“, јавниот обвинител Љубомир Јовески по два и пол месеци од бегството на Никола Груевски соопшти дека најверојатно снимките од граничните премини во Албанија се избришани.