На тротоарот пред Општина Центар, 50 студенти од Архитектонскиот факултет понудија решенија за урбанистичко преобликување на 15 локации во Дебар Маало, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе биде достапен за користење од страна на сите граѓани. Реконструкцијата на Дебар Маало треба да го подобри квалитетот на секојдневното живеење, внесувајќи зеленило и свежина во сивото пренатрупано подрачје. Изложбата се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина…