Мексикански новинар кој известуваше за организиран криминал и нарко картели, петокот беше застрелан и убиен во неговиот дом во северна Сонора. Ова е третиот новинар кој е убиен во Мексико оваа година. Сантијаго Баросо (47) ја отворил својата врата откако слушнал тропање, по што бил застрелан. Тој бил погоден еднаш во градите и двапати во стомакот, според Мрежата на новинари на Сонора, организација во која тој бил член. Атентатот беше…
Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски е осомничен за повеќе финансиски малверзации за време на неговиот мандат во општина Карпош. Едно од делата за кои е осомничен е за легализацијата и продажбата на државно земјиште во населбата Карпош 3, кое е откупено од државата за 191.000 евра, а потоа експресно продадено за 600.000 евра. Јакимовски е осомничен за легализација и продажба на земјиштето кое се наоѓа кај поранешниот ресторан „Имес“ во населбата…
Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово беше приведен поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. „За него и двајца вработени во општината се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор“, потвди за ИРЛ Македонија обвинителката Вилма Рускоска. Ова не е прво апсење на Јакимовски. Минатото лето во август тој беше приведен по што му беа изречени мерки на…
Судијката Добрила Казарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда. Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 18 години затвор, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор…

















