Press "Enter" to skip to content

Срамен избор на членови на Антикорупциската комисија: Најдобрите минаа лошо, лошите минаа одлично

Меѓу одбраните кандидати има и такви на коишто не им пречат нападите од политичари врз Антикорупциската комисија, кандидати со судир на интереси и такви коишто на интервјуата одбивале да одговараат на прашања коишто би можеле да вознемират некој политички или економски моќник. Претставникот на цивилниот сектор во комисијата за селекција, Снежана Камиловска Трпковска цени дека најдобрите извисиле, а слабите кандидати со лоши интервјуа добиле  највисоки оценки од партиите и од…