Управата за финансиска полиција по повеќегодишна пауза денеска го достави бараното известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предистрага од 2016 година поврзана со трансакциите, движењето на парите и инвестицијата на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари. Обвинителството истражува можно перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на клучната инвестиција во дебарско – „Маја Вода“. Фирмата…