Press "Enter" to skip to content

Замрзнати ветувања за спас од загадениот воздух: Од 39 мерки, остварена само 1 во мандатот на Шилегов

Мерките против аерозагадувањето кои беа ветени уште во 2017, не се исполнуваат. Активистите тропаат на портите на Град Скопје, но одговори нема. Утрово Скопје повторно се најде на топ-листата на најзагадени градови во светот и тоа на третото место, а градоначалникот Петре Шилегов не одговара на нашите повици. Според последните достапни податоци, од 39 ветени мерки, исполнета е само една. Локални избори, октомври 2017 година. Времето е студено, воздухот е…