Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Заев. Според него, клучно е до октомври да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни во интерес на иднината на државата и граѓаните да покажат одговорност. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение…