Новиот состав на Антикорупциска комисија денеска положи заклетва дека совесно и одговорно ќе си ја врши работата и дека во борбата со корупција ќе го почитува уставот и законите. Новата претседателка на комисијата, Билјана Ивановска очекува новиот состав професионално и законито и транспарентно ќе го штити јавниот интерес. „Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и моралните корени на општеството. Присутна е се повеќе, секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем…