Управата за финансиска полиција ги анализира податоците кои Истражувачката репортерска лабараторија ги обелодени, во меѓународниот проект „Швајцарски тајни“, каде македонски транзициски бизнисмени чувале пари во „Кредит Свис“. По објавата која беше меѓународна и опфати илјадници банкарски сметки на политичари, бизнисмени, воени профитери, македонските финансиски институции ќе проверуват дали Минчо Јорданов, Благој Механџиски и шведскиот бизнисмен Ларс Клинг, парите од швајцарските сметки потоа ги вратиле во земјва во форма на инвестиции…