Полицијата го приведе бизнисменот Ратко Капушевски сопственик на компанијата РКМ. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага и осомничи 13 лица за злоупотреба на службената положба и за перење пари. ИРЛ уште во март 2022 година објави дека Капушевски е „тајниот“ продавач на мазут на ТЕЦ Неготино и откри како неговата РКМ успеа да го измами ЕСМ и да му продаде 188 илјади тони мазут на почетокот на…
Светскиот рударски магнат Бени Штајнмец кој е поранешен сопственик на фабриката за преработка на никелова руда „Фени индустри“ во Кавадарци, во неделата на 13 октомври бил уапсен на аеродромот во Атина. Апсењето се спровело по европски налог за апсење издаден од Романија, откако судот во Грција пред две години одби да го екстрадира во таа земја. „Апсењето беше прекршување на одлуката за екстрадиција затоа што Апелацискиот суд во Атина веќе…
Љупчо Палевски – Палчо денеска е уапсен во градот Беликесир во Турција. Тој е првоосомничен за убиствата на 14 – годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Колегите од Турција не известија дека креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода на нивна територија, идентично со нашите оперативни сознанија на патеката на движењето на осомничениот“, соопшти министерот…
Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски е осомничен за повеќе финансиски малверзации за време на неговиот мандат во општина Карпош. Едно од делата за кои е осомничен е за легализацијата и продажбата на државно земјиште во населбата Карпош 3, кое е откупено од државата за 191.000 евра, а потоа експресно продадено за 600.000 евра. Јакимовски е осомничен за легализација и продажба на земјиштето кое се наоѓа кај поранешниот ресторан „Имес“ во населбата…