Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата. И двајцата не сакаат бегалци – муслимани. И двајцата имаат заеднички замислен непријател – милијардерот Џорџ Сорос. Зборот „либерал“ го…