Кога пред една година Државниот завод за ревизија го објави извештајот за финансиското работење на МЕПСО, во јавноста беше обелоденето како се трошеле милиони евра државни пари. Медиумите јавуваа дека постојат сериозни индиции за незаконско работење, злоупотреба на службената положба на раководните лица, сомнителни тендери и корупција. Државниот завод за ревизија извештајот го достави до Јавното обвинителство, а откако Владата го разгледа на седница и таа побара обвинителството да ги…