Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. „Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби…