Прекршочна пријава ќе поднесе Антикорупциската комисија на в.д. директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис поради тоа што не поднела анкетен лист. На денешната седница на Комисијата, антикорупционерите кажаа дека Пановска Ставридис досега требала четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и бил продолжен мандатот. Наместо тоа Пановска дури на 19 мај 2019 година поднела четири анкетни листови, иако за прв пат како в.д.…