Два дена по автобуската несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 16 луѓе, фирмата превозник „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици. Договорот е склучен на 15 февруари, а дури вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма. Според договорот, „Дурмо турс“…