Населбата Тафталиџе ја „згазија“ многу урбани атентатори. Таму свои бетонски чудовишта кренаа „Настел“ на Зоран Азманов, „Адора“ на Ванчо Чифлиганец, „БИ-СИ“ на Ивица Георгиевски. Последната градежна офанзива доаѓа од освојувачот и некрунисаниот крал на Пласница – Исмаил Јахоски. Неговата семејна фирма „Пуцко Петрол“ пред две недели го купи земјиштето кај поранешната фабрика Алумина во Тафталиџе, објави Фактор. Јахоски за градежната парцела од 42 илјади метри квадратни платил 24 милиони евра.…