Изборната кампања започнува следната среда, но партиите почнуваат безмилосна трка. Денеска граѓаните беа бомбардирани со испитувања на јавното мислење. ИРЛ открива дека ВМРО-ДПМНЕ крие дека е нарачател на една таква анкета и не ја споделува целата. Постојат сомнежи и за веродостојноста на оваа анкета. Другата анкета, која оди во прилог на СДСМ е протечена во медиумите, иако ја правела меѓународна организација која што се уште ги нема објавено наодите. Медиумите…
Пратеничкиот мандат на актуелниот состав ќе заврши на 11.февруари, информираше денеска на брифинг со новинарите, собранискиот спикер, Талат Џафери. Со оглед на најавените избори за 12.април, претседателот на Собранието рече дека на ден по распуштањето на Собранието, ќе бидат распишани и изборите, односно како што предвидува Уставот, 60 дена до денот на одржување на истите. „До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба…