Случајот „Рекет“ е медиумски најекспонираниот случај за 2019 година. Според критичарите, тивко, а можеби и организирано, „Рекет“ го помогна потопот на Специјалното јавно обвинителство. Според власта, но и самите обвинители, ова е случајот којшто покажал колку оваа влада е подготвена за борба со корупцијата со оглед на тоа што во “Рекет” се опфатија и функционери од владејачката партија. Едно е сигурно, “Рекет” ги изнесе на виделина врските помеѓу политиката, правосудниот…