Поранешниот градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, и бившиот претседател на Советот, Александар Колев, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување додека раководеле со општината. Обвинителството до Судот во Велес поднесе обвинение против двајцата за незаконско користење на службени возила за приватни цели. Првообвинет е екс градоначалникот Чадиев кој му дозволил на Колев спротивно на Правилникот за користење на службените возила и со усно одобрение во период од февруари…