Во дворот на хемискиот гигант Охис, во општина Кисела Вода, со децении се закопани илјадници тони токсичен линдан, распоредени во две депониии. Познати како големата и малата депонија, тие заедно заземаат околу 60.000 тони контаминирана почва. Овој месец Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации распиша меѓународен тендер за чистење на малата депонија. Од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи – ПОПС при Министерството за животна средина и просторно планирање велат…