Новинарката Славица Филиповска од емисијата „360 Степени“ што се емитува на ТВ Алсат го освои првото место на конкурсот за наградата „Никола Младенов“, која Македонскиот институт за медиуми ја доделува за најдобра истражувачка сторија. Признанието е за серијалот стории во кои беа откриени непознати детали за опасната хемикалија – линдан, која во минатото ја произведувал хемискиот гигант „Охис“ во Скопје. Истражувањето на Филиповска откри дека дел од познатото излетничко место…