Мерките против аерозагадувањето кои беа ветени уште во 2017, не се исполнуваат. Активистите тропаат на портите на Град Скопје, но одговори нема. Утрово Скопје повторно се најде на топ-листата на најзагадени градови во светот и тоа на третото место, а градоначалникот Петре Шилегов не одговара на нашите повици. Според последните достапни податоци, од 39 ветени мерки, исполнета е само една. Локални избори, октомври 2017 година. Времето е студено, воздухот е…
Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска со соопштенија реагираа на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев на кој тој презентираше низа мерки со кои Владата ќе се бори со дезинформациите и лажните вести. Здруженијата велат дека со внимание ги следат чекорите на Владата и дека дел од мерките се загрижувачки за слободата на говорот и медиумите. Од ССНМ велат дека слободата…