Со очигледно отсуство на поддршка од новинарската фела и покрај тоа што организаторите ќе речат дека се задоволни од излезноста, се одржа протестот против обвинителниот предлог за Александар Митовски, затоа што објави записник од исказ за случајот „Рекет“. Меѓу дваесетината излезени на протестот беа организаторката на протестот од МАН, новинарката Ивона Талевска, потпретседателот на организацијата, Цветин Чилиманов, главниот и одговорен уредник на „Вистина.мк“, Антонио Димитриевски, новинарот Бранко Героски, политичкиот аналитичар…