Протечените емаил пораки од лондонската фирма Formation House покажуваат како Груевски планирал офшор зона во Македонија по примерот на Гамбија. Требало да се вика Трејд Парк Македонија. Лажни банки и тајна регистрација на фирми се дел од сценариото дизајнирано од лондонскиот консалтинг чијшто основач беше обвинет дека перел пари за ирански нафтени компании кои биле под санкции на САД и ЕУ, за шведскиот организиран криминал и низа светски измамници. Идејата…