Првите партиски пресови по завршувањето на изборниот молк покажуваат дозиран оптимизам, но атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ покажува и несигурност во однос на изборните резултати. Првите партиски пресови се одржаа речиси истовремено, по половина час по завршување на молкот. Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ пресот го одржа на плоштадот пред партиското седиште. Пред белата палата, како што популарно се нарекува седиштето на десничарите околу девет часот почнаа…