Новинар од порталот „Инфомакс“, кој на 23 август објави записник од исказите во т.н случај „Рекет“, ќе одговара за кривично дело „оддавање на службена тајна“ од Кривичниот законик по предлог на Обвинителството. Според ОЈО, тој делувал спротивно на член 360 став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од…