Press "Enter" to skip to content

Сеад Кочан „му пресуди“ на Јово Вангеловски

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство. Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде…

Мирно лето за Гордана Јанкулоска

Врховниот суд и’ овозможи слободно лето на поранешната министерка за внатрешни работи. Не се знае кога и дали ќе започне издржувањето на казната, бидејќи судот треба да ја преиспитува пресудата по нејзината жалба.  Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема да оди во затвор на први јули, откако Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Проценката на судот е дека таа од следниот понеделник ќе остане дома се додека…