Пензионерот Богдан Дамјаноски кој склучи договор за купување на 1 ТВ ќе го раскине договорот, соопшти тој предмалку за ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал…
Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо. Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал…