Press "Enter" to skip to content

Контроверзен бизнисмен му продал на кумановски Комуналец средство за одмрзнување улици за цела следна деценија

Македонија веќе една деценија ги искусува ефектите од глобалното затоплување. Зимите стануваат пократки, просечната температура на годишно ниво забрзано се крева. Но, овие фактори не играле голема улога кога во комуналното претпријатије од Куманово решиле дека им треба средство за одмрзнување улици со залихи за следните 10 години. Го платиле далеку над пазарната цена, а трговецот кој им го продал е контроверзниот бизнисмен Ѓоко Динев, кој раководеше со подружницата на…

Нефи Усеини од бегство си отвори фирма во Битола

Охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител. Денес е шестиот ден како полицијата не може да го лоцира Усеини за кого е определена мерка притвор…

Наташа Петровска: Гледајте ги работите од друга перспектива

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска отвори нова спортска сала и наместо да сече лента, направи „стој на глава“. „Порака до сите млади, за сите оние коишто сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа“ – изјави Петровска. Со овој свој гест градоначалничката испрати порака до младите.

Кратка приказна за (не)правдата: Наивните бизнисмени и рекетот

Едниот е почесен конзул на Србија во земјава, другиот чека одобрение да стане на Бугарија. Првиот царува во градежниот бизнис, вториот е кралот на офшорите. И двајцата беа функционери на СДСМ, а потоа миленици на Никола Груевски. И двајцата беа осомничени во финансиски афери, но никогаш не поминаа ни ден во затвор. И сега се повторно заедно како дел од најголемата политичка афера „Рекет“. Но, од контроверзни ликови двоецот Силјан…