Пазарот со билборди е мал, но во него пливаат крупни и чудни риби. Оваа изборна година компаниите со билборди заработија 600,000 евра од партиите, a за нив се плати од државниот буџет. Меѓу старите ѕверки на пазарот како „Скринмедиа“ или „ОК медиа“, во друштвото дојде и една мала компанија во сопственост на пријател на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Ниматула Богавдинов има романски пасош, но е руски државјанин. Ја отворил „Импакт…
Ќе се потрошат десетици илјади евра на маркетинг услуги. Дел од парите ќе одат за реклама во медиумите, друг дел за пиар агенција којашто ќе организира прес конференции. Ќе има и за флаери и брошури. Сето ова за борба против загадувањето, или барем така тврдат во ПОЦ бидеќи во самата тендерска документација нема вакви објаснувања. На страната на Јавни набавки осамна еден невообичаен оглас од Паркинзи на Општина Центар. „Реклама…