Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ги повика бизнисмените за да им ги презентира новите законски измени за финансиска поддршка на инвестициите, но наместо аплауз доби многу критики. Бизнисмените се пожалија на долгите бирократски процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати за ист производ, царински постапки кои траат по една…