Македонските институции половично ги користат парите од европските фондови покажуваат извештаите од ЕУ. Причините за неискористеноста на европските фондови, граѓанскиот сектор ги гледа во ненавремено програмирање и слабите административни капацитети. Најслаба искористеност покажуваат секторите транспорт и животна средина, каде што и најмногу пари и се потребни на државата. Трактори, машини за обработка на производи во стопанството, обнова на домови и нивно претворање во хотели и хостели за развој на туризам…