Адвокатот Зоран Стојановски од Тетово е подносителот на иницијативата за оценување на членот 11-а од Законот за помилување од 2016 година. Стојановски иницијативата ја поднел пред три и пол години веднаш по амнестијата на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов за 56 функционери и зачуден е зошто дури сега највисокиот суд донел одлука да ја разгледува. „Немам одговор на ова прашање. Тоа го знае само Уставниот суд“, рече адвокатот Стојановски за ИРЛ.…
Никола Додевски со години бил најплатениот адвокат од државните институции. Тој не само што во суд ги бранеше ВМРО-ДПМНЕ и лично поранешниот премиер Никола Груевски, туку бил и на платниот список на повеќе државни компании. Најголем ќар имал од Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, односно за три години (2016, 2017 и 2018 година) му се исплатени вкупно 272.876 евра. Додевски бил водечкиот адвокат според исплатените суми и на државните…