Суплементите за слабеење од добропознатиот бренд Слимлајн, кои содржат забранет сибутрамин, една година нема да се продаваат на македонскиот пазар. Судот ги казни за измама фирмата СЛЦ Груп и управителката Андријана Павловиќ. Нејзината мајка, пак, незадоволна од пресудата вербално ги нападна судијката, репортерката на ИРЛ и оштениот во случајот, ракометарот Горан Кузмановски. Интервенираше и судската полиција. Известува: Лила Караташева Фирмата „СЛЦ Груп“ која стои зад брендот „Слимлајн“ и управителката на…