Press "Enter" to skip to content

Коридор 8: Бочварски стана тринасеттиот министер за транспорт кој ја вети пругата на надежта

Ова ќе биде најважниот капитален проект за идната година, а ќе чини вкупно 600 милиони евра, вака денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја најави работата на првите две делници за пругата кон Бугарија.  Инаку, пругата кон Бугарија е најкористеното изборно ветување од 1993 година. На сите партии и сите влади. Тендерот не е распишан, но од владата велат “до март ќе бидне”.  „За првите две фази сакаме…