Управата за финансиска полиција по повеќегодишна пауза денеска го достави бараното известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предистрага од 2016 година поврзана со трансакциите, движењето на парите и инвестицијата на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари. Обвинителството истражува можно перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на клучната инвестиција во дебарско – „Маја Вода“. Фирмата…
Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…