Неколку часа откако багерите на јавното претпријатие „Македонија пат“ почнаа да ја уриваат дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против сопственикот Мевлудин Алити и побара судија на претходна постапка од Кривичниот суд да му определи мерки за претпазливост поради опасност од бегство. Обвинителството бара да му се одреди мерки за претпазливост, како и да му се одземе пасошот. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…