Адвокатот и советникот на премиерот Миле Зечевиќ е предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години доаѓа како предлог на А.Д. „Пелистерка“. Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата…