Ребрендирањето на ДУИ во зелена партија не значеше дека нивните членови ќе се откажат од профитот кога на агендата дојде на ред урбаното дивеење во општина Маврово. ИРЛ открива дека клучните институции ги дале дозволите за Радика во незаконски процедури, додека зделката за изградба на планираните 87 вили ја добила фирма на поранешен директор на ДУИ и истакнат партиски член од Гостивар. Известува: Ивана Настеска (Скопје); Линдита Чела (Тирана); Илустрации:…
Проект Радика: Сите луѓе на ресортот
14.11.2021
Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата. Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово. Планот започнал со ВМРО-ДПМНЕ, продолжил и…