Press "Enter" to skip to content

Судијката не пријавила дека е тетка на адвокатот на „Фероинвест“ во спорот за парите за модуларните болници со државата

Сватовската врска меѓу судијката Благица Ѓошевска и адвокатот на „Фероинвест“, Ратко Ѓорѓиевски доведе до откажување на денешната пресуда во случајот каде фирмата-ќерка на „Фероинвест“, ЕМС, го тужи Министерството за здравство за неисплатени три модуларни амбуланти. Од друга страна министерството бара договорот да се прогласи за  ништовен бидејќи по пожарот во Тетово склучиле незаконски анекс со којшто сумата се зголемила. Основниот суд Скопје 2 ќе одлучува дали предметот ќе го врати…

Анѓушев повторно ја нападна ИРЛ за да го оцрни и саботира тековното истражување за модуларната болница во Тетово

Притисоците доаѓаат од бизнис и судски центри на моќ и често преку платена медиумска мрежа се шират лагите и нападите на холдингот „Фероинвест“ и поранешниот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев врз ИРЛ. Паралелно со активностите на лицата од интерес во ова истражување, во саботирањето учествуваат и  македонски и странски институции кои што одбиваат да споделат јавни документи и информации, за што ИРЛ беше приморана да води дузина жалбени постапки пред…