Се прашуваш како може да се приклучиш во борбата за правда? За корупцијата во судството и обвинителството мора да зборуваат оние кои што се за тоа избрани од народот. Приклучи се во борбата за правда и пиши им на пратениците кои бираат клучни луѓе во правосудните институции. Еве зошто и како. Зошто? Случајот „Убиство во Тетово“ е еден од низата скандали за правосудниот систем кој наместо правда за граѓаните, испорачува…
Притисоците доаѓаат од бизнис и судски центри на моќ и често преку платена медиумска мрежа се шират лагите и нападите на холдингот „Фероинвест“ и поранешниот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев врз ИРЛ. Паралелно со активностите на лицата од интерес во ова истражување, во саботирањето учествуваат и македонски и странски институции кои што одбиваат да споделат јавни документи и информации, за што ИРЛ беше приморана да води дузина жалбени постапки пред…
Докторот Митрев побара од судот да изрече привремена мерка за забрана за објавување на содржини поврзани со документарниот филм „Нечиста крв”, а дополнително бара филмот и другите поврзани продукти да бидат избришани од интернет просторот. Уреднички тим на ИРЛ Клиниката Жан Митрев и докторот Жан Митрев поднесоа тужба за клевета и навреда кон редакцијата на ИРЛ и новинарите автори на истражувањето „Нечиста крв” придружена со предлог за издавање на времена…
По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, ИРЛ сними поткаст „Разговор во Редакција“ во кој гостуваа министерот за здравство Беким Сали и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска Грашкоска. Тие дадоа институционални објаснувања на обвинувањата од пациентите и доказите на ИРЛ за несигурното и неетичко лекување на КОВИД пациентите во приватната клиника „Жан Митрев“. Зборуваа и за незаконското одлевање на пари од Фондот за здравство во приватната болница…