Органите на правдата го бараа Мијалков два дена, но тој дојде во свое време и по своја волја и на локација која што самиот ја одбра. Во меѓувреме, системот му исполнил и лични барања: Обвинителството се откажало од две жалби. Едната која можела да донесе затворски притвор за Мијалков, а втората која му овозможува притворските денови да ги мине во луксузна куќа на Водно, наместо во неговиот стан во Капиштец. …