Press "Enter" to skip to content

Македонската компанија „Сајтрокс“ заврши и на листата на санкции од Министерството за финансии на САД

Македонската компанија „Сајтрокс“ заедно со уште четири други фирми и две физички лица кои биле клучни овозможувачи за развивање на шпионскиот софтвер „Предатор“ се ставени под санкции од страна на Министерството за финансии за контрола на странски средства од Соединетите американски држави (ОФАК). Ова е втора санкција од САД за „Сајтрокс“ откако лани заврши и на црната листа од Министерството за трговија. Шпионскиот софтвер „Предатор“ го продаваше израелската софтверска компанија…

Како класифицирани документи на македонските и грчките разузнавачки агенции завршија во рацете на креаторите на шпионскиот софтвер Предатор

Документи со класифицирана содржина создадени од грчки и македонски тајни служби, биле споделувани од кабинетот на грчкиот премиер со приватната компанија Интелекса, која е автор на шпионскиот софтер Предатор, најверојатно без знаење на македонската страна. Станува збор за драфт меморандум за соработка кој никогаш не бил потпишан, но делегации на македонската Оперативно техничка агенција (ОТА) и грчката Национална разузнавачка агенција (ЕУП) внимателно го драфтувале во Солун во 2022 година. Желбата…

Шпионскиот софтвер „Предатор“ нелегално се правел во Скопје додека надлежните замижувале

Шпионскиот софтвер „Предатор“ што низ светот го продаваше израелската софтверска компанија Интелекса, а во Грција и Египет се употребуваше за шпионирање новинари, дисиденти и политичари, бил нелегално развиен и продаван од Скопје. Надлежните во МВР знаеле за активностите на поранешниот израелски висок функцинер од одбраната Тал Дилијан чија што компанија Интелекса е во срцето на скандалот со прислушувањето во соседна Грција. Документите до кои што дојдоа новинарите на ИРЛ и…