На финансиската тиранија која што таканаречените продавници за пари ја вршат врз населението им кумува и државата. Тие ги озаконија енормно високите трошоци и без речиси никаква контрола оставија простор за безброј манипулации и злоупотреби. Известува: Александар Јанев „Ако земете брз кредит од нашето финансиско друштво, ќе вратите и до петпати повеќе од тоа што сте позајмиле.“ Ова нема да го чуете во ниту една реклама за кое било…