Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска им го врати случајот „Монструм“ на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Јовески вели дека приоритет на државното обвинителство се предметите кои се во судска постапка, за истрагите и предистрагите дополнително ќе се одлучува. „Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО“, вели Јовески.…