Спорната изградба на четири згради во Пржино вчера беше причина за уривање на потпорен ѕид. Градбата моментално е стопирана, но ќе продолжи веднаш штом инвеститорите го санираат ѕидот и го обезбедат објектот. Жителите на околните куќи се жалат дека неколку пати испратиле писма до општината, со предупредување дека потпорниот ѕид може да падне и куќите од горната уличка да се слизнат надоле, но досега не добиле никаков одговор од општинарите.…
Жителите на улицата „Пржино“ денеска ги спречија инвеститорите да почнат да го расчистуваат теренот за изградба на четири четирикатници до нивните куќи. ИРЛ го следеше апсурдното урбанистичко решение за малата пржинска улица. Преку неа ги илустриравме контроверзните законски и општински одлуки носени со партиски консензус во Советите, а со кои што од општината Кисела Вода се направи најконроверзната урбанизација на оваа скопска населба. Градежно – полициска офанзива Утрово околу 10…